Здравствени професионални лица и други научници изразија загриженост дека од упадот во американскиот Конгрес во средата можеби ќе биде има зголемен број на случаи на Ковид-19.
Толпата демонстранти кои насилно влегоа во Капитол хил претежно беа без заштитни маски и не ги почитуваа мерките на социјално дистанцирање како што се движеле низ ходниците на Капитолот.
Ен Симонс, епидемиолог од Универзитетот на Калифорнија во Лос Анџелес, за Њујорк тајмс изјави дека “кога луѓето врескаат, скандираат, едни до други, без маски, тогаш вирусот ја користи секоја шанса“.
Истражувачкиот центар на Џонс Хопкинс во Вашингтон, потврди дека од вирусот во четвртокот животот го загубиле рекордни 4085 лица.
Главниот експерт за инфективни болести во САД Д-р Ентони Фаучи за националното радио - НПР изјави дека “состојбата ќе се влоши во јануари“. Тоа, според него, ќе биде резултат од „сезоната на патувања за време на празниците, и дружења со најблиските во овој период од годината“.
Kоронавирус може да забави ако се интензивираат јавните здравствени мерки, како „носење заштитни маски, социјално дистанцирање и вакцинација“Д-р Ентони Фаучи
Фаучи верува дека бранот на нови случаи со заразени со коронавирус може да забави ако се интензивираат јавните здравствени мерки, како „носење заштитни маски, социјално дистанцирање и вакцинација“.
Д-р Фаучи изрази надеж дека кога новоизбраниот претседател Џо Бајден ќе ја преземе функцијата, „САД ќе бидат во можност да реализираат по еден милион вакцинации, во ден, како што спомена ѝ самиот Бајден“.
Facebook Forum