Глобалните финансиски пазари и берзи денеска тргуваа со мешани резултати во време кога инвеститорите и натаму чекаат вести од Брисел, каде лидерите на ЕУ и натаму преговараат за деталите околу економскиот пакет помош за справување со последиците од коронавирусот.
Во Азија, берзата Nikkei придоби 21 поен, но виртуелно нема промени во процентите. Хонг Конг забележа благ пад од 0,1%, а берзата во Шангај го заврши денот со раст од 3,1%.
Сиднејската S&P/ASX загуби половина процент, а негатива во тргување беше регистрирано и во Сеул, 0,1% и во Тајван, загуба од седум поени, но без промени во процентот.
Слично и во Европа. Бавен старт на денот на тргување на почетокот од оваа недела. Лондонскиот индекс FTSE имаше загуба од 0,5%, на крајот од денот, а Индексот во Франкфурт, заврши со позитива од 0,4%.
Во САД, Dow Jones имаше пад од 0,2%, но Nasdaq со раст од 1.5% и S&P 500 со дури 4% помогнаа за нов позитивен ден во тргувањето на овој Континент.
Инвеститорите со нетрпение ги очекуваат резултатите од тргувањето во овој квартал на околу 500 компании.
Facebook Forum