Линкови за пристапност

Се разгледува нов пакет за помош во САД поради корона кризата


Кризата со коронавирусот, за која многумина се надеваа дека ќе се подобри до сега само се влоши, додека во меѓувреме истекува федералната помош

Водечките републиканци во Конгресот се очекуваа да се сретнат денеска со претседателот Доналд Трамп во врска со следниот пакет помош поради Ковид-19, бидејќи администрацијата испланира повеќе средства за тестирање на вирусот.

Лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич МекКонел беше подготвен да го истурка пакетот од еден трилион американски долари за неколку дена. Но, поделбите меѓу мнозинството во Сенатот и Белата куќа создадоа нови предизвици.

Конгресот се врати на седница оваа недела, бидејќи кризата со коронавирусот, за која многумина се надеваа дека ќе се подобри до сега само се влоши, како и поради истекувањето на федералната помош.

Трамп во неделата повтори дека вирусот ќе „исчезне“, но гледиштето на претседателот воопшто не одговара на проекциите на водечките здравствени експерти кои се обидуваат да го запрат алармантното ширење на вирусот во САД и растечкиот број на жртви.

МекКонел и Кевин Мекарти, требаше да се сретнат со Трамп и секретарот за финансии Стивен Мнучин „за да се прилагоди“ законодавството, рече вршителот на должноста началник на канцеларијата, Марк Медоус, за „Фокс њуз“.

Пакетот на МекКонел со недели беше тивко подготвуван зад затворени врати и се очекуваше да вклучи 75 милијарди американски долари за помош на училиштата повторно да се отворат, намалување на бенефициите за невработеност, како и нова рунда директна финансиска помош во готовина од 1,200 американски долари за Американците.

Но, како што Белата куќа процени, администрацијата испланира околу 25 милијарди американски долари нови средства за тестирање и следење на вирусот, изјави републиканец запознаен со дискусиите. Приговорите на администрацијата за прв пат ги објави „Вашингтон пост“.

Сето ова предизвикува потешкотии во одвивањето на законодавниот процес. Спикерката на претставничкиот дом Ненси Пелоси веќе го усвои огромниот предлог на демократите во висина од три трилиони американски долари, додека во меѓувреме бројот на инфекции и смртни случаи предизвикани од коронавирусот расте.

Трамп го вклучи алармот на Капитол Хил кога минатиот месец предложи на митингот во Оклахома дека сака да го забави тестирањето на вирусот. Некои од сојузниците на Трамп сакаа нови средства за тестирање и следење на вирусот за да се сузбие неговото ширење. Демократите во Сенатот испитуваа зошто администрацијата на Трамп сè уште не потрошила дел од 25 милијарди долари претходно издвоени за тестирање преку закон за помош.

Трамп во неделата во интервјуто за „Фокс њуз“ рече дека размислува да не потпише било каков предлог-закон, освен ако тој не вклучува даночно олеснување на платите, на што многу сенатори се спротивставија.

По донесувањето на законот за помош од 2,2 трилиони американски долари во март за справување со корона кризата, републиканците се надеваа дека вирусот ќе изгуби на залет и дека економијата ќе се опорави, со што не би била потребна поголема помош.

Но, со растот на бројот на инфекции и смртни случаи, катастрофалниот циклус на пандемијата не му остави голем избор на Конгресот, освен да обезбеди уште една транша на помош.

Бизнисите повторно се затвораат, училиштата не можат целосно да се отворат, а работните места згаснуваат, додека истекува федералната помош.

„Нема магично да исчезне“, изјави МекКонел, минатата недела за време на посетата на болница во неговата матична држава, за да им се заблагодари на работниците во првите редови.

И додека МекКонел се подготви да го претстави својот предлог вреден еден трилион американски долари, тој призна дека нема да има целосна поддршка.

Политичките влогови на сите страни пред изборите во ноември беа големи, но уште повеќе за нацијата, која досега регистрираше повеќе инфекции со коронавирус и поголема смртност од која било друга држава.

И додека пандемијата не запира, првата транша на помош истекува.

Федералната помош од 600 американски долари неделно како надомест за невработеност ќе истече на крајот на месецот.

Додека бројот на барања за недомест поради невработеност достигнува еден милион, многу домаќинства се соочуваат со економска криза и го губат здравственото осигурување од работодавачите.

И покрај олеснувањето на карантинските мерки воведени поради пандемијата на коронавирусот,стапката на невработеност остана двоцифрена.

Предлог-законот на Пелоси, одобрен во мај, вклучува 75 милијарди американски долари за тестирање и следење на вирусот. Со помош од 100 милијарди долари училиштата безбедно би требало повторно да се отворат, а повика и на еден трилион за суштинските работници за да се спречат отпуштања.

Мерката предивдува парични стипендии за Американците, зајакнување на изнајмувањата и хипотеките и други заштитни мрежи за безбедност.

Во текот на два месеца по донесувањето на законот, САД регистрираше уште 50.000 смртни случаи и уште два милиони инфекции.

„Ако не ги инвестираме парите сега, ќе биде многу полошо“, рече Пелоси.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG