Зоран Заев, во име на коалицијата „Можеме“, која има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на владата“ – се вели во соопштението.
Заев, според Уставот, ќе има на располагање 20 дена да постигне договор за коалицирање со можните партнери што значи поддршка од најмалку 61 пратеник, како и на Собранието да му поднесе програма и предлог-состав на влада.Што вели Уставот?
Со ваквата одлука на Пендаровски се става крај на правните толкувања дали Собранието е конституирано или не бидејќи Спикер се уште не е избран и дали во таква ситуација претседателот може да го додели мандатот.
Од кабинетот на шефот на државата уште пред да соопштат дека утре ќе се доделува мандатот информираа дека Пендаровски се „консултирал со еминентни правни имиња и заклучокот бил јасен: за да се смета дека Собранието е конституирано, потребна е верификација на мандатите на пратениците, а не нечиј избор“.
Во писмениот став од кабинетот на Пендаровски дополнително беа приложени два документа – едниот датира од 2006-та, по тогашните избори, а другиот од изборите во 2016, во кои претседавачите на седниците го информираат тогашниот претседател на државата дека Собранијата се конституирани, иако не се избрани Спикери, и дека роковите за доделување на мандатот за формирање влада веќе течат.
Заев го добива мандатот за формирање влада на денот кога Ахмети, со кого разговараше но се уште не постигна договор за коалиција, ги повика лидерите на останатите албански партии на средба на која ќе се разговара за ситуацијата по изборите.
Facebook Forum