Линкови за пристапност

ЕУ ги удвои нарачките за вакцините против Ковид-19 од Фајзер


.
.

Со ваквиот договор, ЕУ со 380 милиони жители, обезбеди вакцини за речиси 80% од популацијата.

ЕУ постигна договор со Фајзер и БиоНтех за дополнителни 300 милиони дози од вакцината против Ковид-19.

На прес-конференција во петокот, претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лејен, изјави дека со договорот ќе се удвои бројката дози што Унијата ќе ги добие од овие две фармацевтски компании.

Фон дер Лејен изјави дека ЕУ веќе склучила одделен договор со американскиот произведувач на лекови Модерна за нивната вакцина против Ковид-19, која беше авторизирана за користење во Европа претходно неделава.

Со ваквиот договор, ЕУ со 380 милиони жители, обезбеди вакцини за речиси 80% од популацијата.

Фон дер Лејен потврди дека 75 милиони дополнителни дози ќе бидат достапни во вториот квартал од годината, а остатокот подоцна до крајот на 2021-ва.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG