Линкови за пристапност

Сенатските републиканци ќе престават нов предлог-помош за погодените од коронавирусот


Актуелните бенефиции истекуваат во петок, и се дел од претходно усвоен пакет финансиска помош во Конгресот.

Републиканците во Сенатот се очекува да претстават финансиски план помош од еден трилион долари, неколку дена пред да истече исплаќањето за бенефиции како невработени за милиони Американци кои и натаму се без работа.

По неколкудневни разговори со републиканците на Капитол Хил, шефот на Кабинетот на Белата куќа Марк Медоус и секретарот за финансии Стивен Мнучин, објавија дека пакетот вклучува продолжување на помошта во вид на чекови, но сега со 70% од претходната плата на подносителот.

Актуелните бенефиции истекуваат во петок, и се дел од претходно усвоен пакет финансиска помош во Конгресот. Многу Американци кои останаа дома поради коронавирусот добиваат по 600 долари недела од федералната влада, плус помош од сојузната држава каде живеат како невработени.

Републиканците изразија противење дека со Постоечкиот акт, многу Американци кога ќе ги спојат двата чека од федерално и државно ниво, примаат повеќе пари отколку кога работеле.

Демократите возвраќаат дека со оглед на растечките бројки од новозаразени со Ковид-19, многу граѓани не се чувствуваат безбедно да се вратат на работа.

Републиканците го контролираат Сенатот, а Демократите Претставничкиот дом, и тоа значи дека лидерите од двата законодавни Дома ќе мора да постигнат компромисен договор за било каква содржина на идниот финансиски пакет од Вашингтон.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG