Линкови за пристапност

Флорида стана втора сојузна држава во САД со најголем број заразени


Само Калифорнија, која е понаселена, има повеќе заразени со КОВИД-19

САД се први во светот според бројот на заразени, односно над 4,2 милиони лица. Во текот на вчерашниот ден се регистрирани нови 55.000 заразени, и повеќе од 500 смртни случаи, според Универзотетот Џонс Хопкинс.

Сојузната држава Флорида вчера регистрираше 9.300 нови заразени, со што станува втора најпогодена сојузна држава во САД. Само Калифорнија, која е понаселена, има повеќе заразени со КОВИД-19. Зад Флорида, пак, се наоѓаат Њујорк и Тексас.

Здравствените експерти велат дека причина за зголемениот број заразени е прераното отворање на бизнисот и туристичките атракции, и оти граѓаните не носат маски и не практикуваат социјално дистанцирање.

Истовремено, владите во многу делови во светот се обидуваат да го спречат ширењето на вирусот, кој уби речиси 650.000 лица.

Виетнам почна со евакуација на туристи, откако неколку од нив биле тестирани позитивни на КОВИД-19.

Виетнамската влада рече дека евакуацијата на 80.000 луѓе, од кои мнозинството локални туристи, ќе трае најмалку четири дена. Државата, пак, останува затворена за странски туристи.

Австралиската држава Викторија денес има рекореден број на нови заразени од 532 лица, и предупреди дека карантинот би можел да се продолжи повеќе од шест недели.

Шпанија, пак, вели дека е безбедна за туристи, критикувајќи ја Британија оти воведе двонеделен карантин за сите патници од Шпанија.

Сепак, бројот на заразени во Шпанија се зголеми изминативе неколку недели, што беше причина за новите рестриктивни мерки од страна на Британија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG