Линкови за пристапност

НБА: Гостите поведоа со 1:0


Визардс и Клиперс на почетокот на вториот круг на „плеј-оф“ натпреварите подобри од Пејсерс и Тандер

Екипата на Вашингтон визардс на гостински терен ја победи Индијана пејсерс со 102:96 и поведе со 1:0 во серијата „најдобар од седум“ во полуфиналето на Источната конференција во НБА. Тревор Ариза и Бредли Бил со 22, односно 25 поени ја осигураа победата. Кај домаќините, Пол Џорџ постигна 18 поени. Следниот меч се игра во Индијанаполис во среда, а потоа серијата се сели во главниот град на САД.

Гостите поуспешни и во мечот од Западната конференција. Екипата на Лос Анџелес клиперс ја декласираше Оклахома тандер со 122:105. Плејмејкерот на Клиперс Крис Пол беше незадржлив - постигна 32 поени, а имаше 8 „тројки“ од девет обиди. 29-те поени на Расел Вестбрук и 25-те на Кевин Дурант кај Оклахома, сепак, не беа доволни за пресврт. Следниот меч повторно се игра во Оклахома, а потоа серијата се сели во Лос Анџелес.

Денеска играат: Портланд трејлблејзерс - Сан Антонио спарс и Бруклин нетс – Мајами хит.
XS
SM
MD
LG