Линкови за пристапност

НБА изрече доживотна забрана за сопственикот на Клиперс


Kомесарот на НБА Адам Силвер
Kомесарот на НБА Адам Силвер

За расистички коментар на аудио-снимка.

Американското Национално кошаркарско здружение (НБА) изрече доживотна забрана на сопственикот на Лос Анџелес клиперс поради расистички коментар за Афроамериканците на аудио-снимка.
Сопственикот на Лос Анџелес клиперс, Доналд Стерлинг
Сопственикот на Лос Анџелес клиперс, Доналд Стерлинг
На денешната прес-конференција, комесарот на НБА Адам Силвер соопшти дека на Доналд Стерлинг му е забрането да присуствува на тренизните и натпреварите во лигата, како и дека не смее да учествува во деловните потфати поврзани со неа. НБА го казни сопственикот на Клиперс и со 2,5 милиони долари - максималната сума согласно правилата на лигата.

Силвер кажа дека ќе побара од останатите сопственици на екипи во НБА да го принудат Стерлинг да го продаде клубот. Тој рече дека ставовите на Стерлинг на снимката се длабоко навредливи и штетни. На неа, Стерлинг на својата тогашна девојка и` вели да не објавува фотографии на Инстраграм на кои е со Афроамериканци, ниту пак да носи Афроамериканци на натпревари. Снимката ја објави Интернет-страницата ТМЗ и таа предизвика лавина реакции, меѓу што и протест на играчите на Клиперс, кои на поледниот натпревар се појавија со тренерките облечени наопаку, за да ја сокријат ознаката на клубот. Реагираше и претседателот Барак Обама, кој кажа дека се работи за „исклучиво навредлива расистичка изјава“.

Голем број на компании веќе го откажаа спонзорството на Лос Анџелес клиперс поради случајот.
XS
SM
MD
LG