Голден стејт вориорс ја освоија втората шампионска титула во три години по синоќешната победа врз Кливленд Кавалиерс со 129-120.
Кевин Дурант од Голден стејт со 39 поени во петтиот натпревар во серијата „најдобар од седум“ беше прогласен за најкорисен играч во финалето.
Ова е прва шампионска титула за Дурант, кој 9 години мина во дресот на Оклахома пред да потпише договор на почетокот од сезоната со Голден Стејт Вориорс.
Од домаќините Голден стејт вориорс, Стеф Кари уфрли 34 поени и имаше 10 асистенции, додека Андре Игоудала го заврши меќот со 20 поени.
Меѓу поразениот шампион Кливленд кавалирс, ѕвездата Леброн Џејмс имаше 41 поен, 13 скокови и 8 асистенции.
Facebook Forum