Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг одржа виртуелна прес-конференција пред утрешниот виртуелен состанок со министрите за одбрана. Столтенберг ги најави фокусот на состанокот, а тоа е одговорот на НАТО кон кризата со КОВИД-19, но и како Алијансата продолжува со силната определба и одлучност, во време кога коронавирусот ги погодува сите, без исклучок.
Првите луѓе на одбраната на земјите членки на утрешниот состанок ќе ги разгледаат досегашните мерки од Алијанската и ќе се договорат за следните чекори во правец на намалување на ширењето на коронавирусот.
„НАТО веднаш понуди обединет одговор уште од почетокот на пандемијата“, нагласи Столтенберг и го потенцираше имплементирањето на превентивните мерки.
На средбата на шефовите на дипломатии пред две недели, беше побарано од НАТО да ја забрза армиската помош за сојузниците како одговор на пандемијата.
Столтенберг нагласи дека членките на НАТО ги координираат воздушните операции за снабдување со намирници ширум светот. Стотици тони медицинска опрема е донирана и доставена до најтешко погодените.
Првиот човек на НАТО ја издвои медицинската и финансиска поддршка кон најновата членка, Северна Македонија, од страна на Чешка, Унгарија, Холандија, Норвешка, Словенија, Турција и САД.
Tимот за брз одговор на НАТО асистираше во пренесување на респиратори од Данска и конструирање подвижни армиски болници во Италија, и транспорт на вентилатори Германија за Шпанија, рече Столтенберг.
Тој ја издвои Турција која доставила медицинска опрема за сојузниците и партнерите ширум Балканот, но и за Италија и Шпанија.
НАТО помага во обезбедување логистика за конструирање подвижни болници, транспорт на пациенти, враќање на државјаните во нивните матични земји, дезинфекција на јавните области, и обезбедување на пограничните преминиСтолтенберг за активностите на Алијансата
НАТО, според Столтенберг, помага во обезбедување логистика за конструирање подвижни болници, транспорт на пациенти, враќање на државјаните во нивните матични земји, дезинфекција на јавните области, и обезбедување на пограничните премини.
„КОВИД-19 не познава граници и претставува предизвик за сите членки. НАТО е определен да учи од лекциите, а да биде посилен и по определен во справување со претстојните предизвици,“, изјави Јенс Столтеберг, спроти утрешната средба со министрите за одбрана на членките.
Facebook Forum