Линкови за пристапност

НАСА со мисија за тестирање на избегнување Астероид кон Планетата Земја


Мисијата ДАРТ ќе ја тестира можноста на НАСА да ја пренасочи траекторијата на астероид со помош на кинетичка сила, при што ќе урне роботско вселенско летало со огромна брзина.

Ракета Спејс Икс ќе биде лансирана доцна вечера од Калифорнија во време кога НАСА ќе го демонстрира првиот планетарен одбранбен систем, дизајниран за пренасочување на Астероид во правец на Планетата Земја со огромни опустошувачки размери, објави Ројтерс.

Фалкон 9 - подготвен за новата мисија на НАСА
Фалкон 9 - подготвен за новата мисија на НАСА

Мисијата ДАРТ ќе ја тестира можноста на НАСА да ја пренасочи траекторијата на астероид со помош на кинетичка сила, при што ќе урне роботско вселенско летало со огромна брзина.

Метата на ДАРТ е мал дел од реалната големина на астероидот Чикслаб со катаклизмички размери кој ја погоди Земјата пред 66 милиони години, при што беа убиени речиси сите животински видови на Планетата.

Научниците велат дека помалите астероиди се почеста појава и претставуваат поголема теоретска закана по Земјата.

НАСА ја најми компанијата Спејс Икс на Илон Маск да ја лансира ракетата Фалкон 9 од воздушната база Вандерберг долж крајбрежјето со Калифорнија, околу 150 километри северозападно од Лос Анџелес.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG