Линкови за пристапност

Охриѓанецот Муса Далип го живее сонот: потстрижува на отворено на Тајмс Сквер во Њујорк


Охриѓанецот Муса Далип, шиша на отворено на Тајмс Сквер
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:57 0:00

Охриѓанецот Муса Далип, шиша на отворено на Тајмс Сквер

Американците сакаат да носат малку поинакви фризури од Македонците

Муса Далип,пред три години Њујорк го замени со Охрид како место на живеење. Но, остана повторно да ја работи истата професија, фризер.

Охриѓанецот Муса Далип, шиша на отворено на Тајмс Сквер во Њујорк.

Имаме доста муштерии, доста клиенти од Њујорк,и доста клиент кои се познати во јавноста, а кои живеат во Њујорк. Еден од нив е светскиот првак во бокс, Амир Кан, вели Далип.

Муса Далип од Охрид, фризер по професија, кој веќе три години живее во Њујорк во САД, се обидува на оваа професија да и пристапи на еден поинаков начин. Тој своите муштерии покрај во фризерскиот салон каде што работи, ги шиша и на отвоорено на познати локации во Њујорк, при тоа на себе носејки маица на која пишува „Го сакам Охрид“.

Вели дека најбројни муштерии му се Американци, но има и доста иселеници од Северна Македонија, од Охрид, Струга, Дебар.

„Имаме доста муштерии, доста клиенти од Њујорк, и доста клиент кои се познати во јавноста, а кои живеат во Њујорк. Еден од нив е светскиот првак во бокс, Амир Кан, кој живее во Лондон, а често доаѓа во Њујорк. И секое доаѓање во Њујорк, доаѓа на шишање кај мене. Исто така имам дoста муштерии кои се од нашите краишта. Тие се од Струга, од Дебар. Кога доаѓаат овде на шишење, тема на разговор секогаш ни се нашите краишта “, вели Далип.

Муса вели дека одлуката да шиша на отворено,ја донел, сакајки да понуди нешто поразлично од вообичаеното.

„Пред извесно време сакав да им понудам нешто различно на моите клиенти, но тоа да биде поврзано со моите две професии. Разговарајки со мојот пријател Кадри Алтан, кој е еден од најпознатите турски фризери, дојдов до идеја, некои од моите клиенти да ги шишам надвор на најпознатите локации во Њујорк, како што е Тајмс Сквер. Имаше доста заинтересиранот од моите клиенти кои што сакаа да ги шишам надвор во Њујорк. Но ме изненади и тоа што имаше доста заинтересираност и од луѓето кои поминуваа низ најпознатите локации. Луѓето што поминуваа од тука ме прашуваа не само за шишањето, туку ме прашуваа и за мојата маица,која ја носев. Кога ги шишав моите клиент носев мајца на која пишуваше „Го сакам Охрид“. Имаше и такви луѓе кои веќе имаа сознанија за Охрид. Но имаше и такви кои прв пат слушаа за Охрид. Ме прашуваа што значи Охрид, каде се наоѓа,а мене ми беше чест и задоволство да им кажувам за мојот град Охрид. Кога им раскажував за Охрид им раскажував за природните убавини,за богатото културно наследство, за нашето прекрасно езеро, за гостопримливоста на мојот град Охрид.На крајот им велев да го посетат Охрид“, вели Далип.

Муса, сака истото ова да го прави низ цела Америка, но и во други светски метрополи.Вели дека она што успеал да го забележи во овие три години работа во САД, е дека Американците сакаат да носат малку поинакви фризури од Македонците.

„Како секоја метропола и Њујорк има свој тренд. Исто така и во шишањето, Америка се разликува од Европа и од нашите краеви. Луѓето овде сакаат кратки фризури, односно од кратко кон долги, или т.н skin fade или skin tape фризури. Многу од луѓето кај нас, секој втор ден практикуваа да се бричат во берберница, а овде Американците не се бричат во берберница. Голем дел од младите Американци, носат брада“, додава Муса.

Најинтересен момент во работата за која вели дека никогаш нема да го заборави, е првиот ден на работа, кога прв муштерија му бил охриѓанец.

„Во овие три години имам доживеано интересни работи и моменти во Њујорк. Еден од најинтересните моменти за мене не само во Америка туку и во мојот живот беше во овој дуќан, кога почнав на работа, прв ден, прв муштерија да ми биде охриѓанец и тоа нема да го заборавам никогаш. Почнав на работа. Влезе, првиот муштерија. Почнав да го шишам. Тој ме прашува од каде сум, јас му велам од Охрид.Ме застана и ме погледна.Ми рече, од Охрид. Да му велам од Охрид, од Македонија. Почна потоа да ми зборува на македонски и ми рече дека е од Охрид. Од тогаш до денес, Вахид ми е се уште муштерија“, вели Муса.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG