Линкови за пристапност

Номинацијата за прв човек на Агенцијата за глобални медуими Мајкл Пек под истрага


Сенаторот Менендез повика на ставање на номинацијата во мирување

Главниот демократски сенатор во сенатската комисија за надворешни односи изјави дека непрофитната организација со која раководи номинацијата од претседателот Трамп да ја преземе директорката функција во Агенцијата под чија надлежност е ѝ Гласот на Америка е под истрага на канцеларијата на јавниот обвинител во Дистриктот Колумбија.

Сенаторот од Њу Џерси, Боб Менендез, синоќа на распитот рече дека јавниот обвинител на главниот град спроведува истрага дали Мајкл Пак користењето средства од неговата непрофитна организација Public Media Lab било противзаконско и дали од тие средства, тој имал лична корист.


Американската агенција за глобални медиуми (УСАГМ) ја надгледува работата на меѓународните емитувачи на американската влада, вклучувајќи го и Гласот на Америка.

Сенаторот Менендез од Њу Џерси
Сенаторот Менендез од Њу Џерси

Менендез рече дека од почетокот на распитот за потврдување на функцијата во септември, „Мајк Пак одбива да достави документ до сенатската комисија за надворешни односи, кој е важен дел од истрагата на Канцеларијата на јавниот обвинител, но одбива и да ги коригира неточните документи што ги доставил до даночната управа (ИРС)“.

Повеќе детали: https://www.voanews.com/usa/trump-international-broadcasting-nominee-could-face-scrutiny-over-financial-dealings

Менендез го повика претседавачот со сенатската комисија за надворешни односи, републиканецот Џим Риш, да ја стави номинацијата на Пек во мирување.

Засега нема одговор од Пек, или од Белата куќа за изјавата на Менендез. Гласот на Америка побара реакција од сенаторот Риш.

Претседателот Трамп го номинираше Мајкл Пек да ја преземе највисоката функција во Агенцијата за глобални медиуми пред речиси две години.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG