Линкови за пристапност

Две ливчиња ќе поделат 636 милиони долари!


Втора најголема по ред добивка во историјата на американската лотарија Мега милионс

Две ливчиња, продадени во сојузните држави Калифорнија и Џорџија, станаа добитни во синоќешното извлекување на лотаријата Мега милионс. Ова е втора најголема по ред добивка во историјата на оваа американска лотарија.

Според портпаролот на Лотаријата во Калифорнија, Алекс Траверсо, едно од ливчињата било продадено во киоск за сувенири во Сан Хозе. Се` уште нема информации каде е продадено второто добитничко ливче во Џорџија.

Џекпот-наградата нарасна на 636 милиони долари, затоа што 22 кола немаше главен добитник.

На следното извлекување во петок, добивката е 15 милиони долари.

Рекордниот џекпот на Мега милионс изнесува 656 милиони долари. Добивката ја поделија ливчиња од три сојузни држави (Канзас, Илиноис и Мериленд) на 30 март 2012-та.
XS
SM
MD
LG