Линкови за пристапност

Лото-треска во САД!


Џекпот-добивката нарасна на 636 милиони долари, а ако нема добитници, во наредните кола би моела да достигне и една милијарда долари!

Лото-треска во САД: вечерва ново извлекување на лотаријата Мега милионс. Џекпот-наградата нарасна на 636 милиони долари, по повеќе кола без главен добитник. Шансата за добивка - мала, но, сепак постои 1 на 259 милиони! Пред лото-шалтерите има големи редици. Како што вели 67-годишната Кети Малзецки од сојузната држава Милвоки, „никогаш не сум добила ништо во животот од игрите на среќа, но секогаш постои надеж“.

Рекордниот џекпот на Мега милионс изнесува 656 милиони долари. Добивката ја поделија ливчиња од три сојузни држави (Канзас, Илиноис и Мериленд) на 30 март 2012-та.

Ако вечерва и во наредните кола нема добитник, се очекува добивката до Божиќ да достигне - една милијарда долари!
XS
SM
MD
LG