Линкови за пристапност

Мартин Лутер Кинг – 40 години подоцна


Мартин Лутер Кинг – 40 години подоцна
Мартин Лутер Кинг – 40 години подоцна

Американците празнуваат во чест на наследството на убиениот поборник за човекови права Мартин Лутер Кинг Џуниор.

Мартин Лутер Кинг Џуниор станал поборник за граѓански права во 1955-та година, кога се посветил на ставање крај на сегрегацијата во автобускиот јавен превоз во Монгомери, Алабама.

Во август 1963-та година, напорите на Кинг за еднакви граѓански права станаа национално движење. Тој месец, преку 250.000 луѓе земаа учество во маршот во Вашингтон. Предводен од Кинг, целта на маршот беше да изврши притисок врз законодавците да усвојат закон за граѓански права со кој би се ставило крај на расната дискриминација.

„Имам сон дека дека моите мали четири деца еден ден ќе живеат во земја каде нема да бидат оценувани по бојата на нивната кожа, туку според нивниот карактер“, кажа тогаш Мартин Лутер Кинг.

Токму овие ненасилни протести и неговите говори придонесоа ова движење за граѓански права да опстои, а земјата да остане фокусирана на прашањето на еднаквост.

Кинг ја доби и Нобеловата награда за мир во 1964-та година, а истата година претседателот Линдон Џонсон го потпиша Актот за граѓански права, а наредната година и Актот за правата за гласање. Со мерките беше ставен крај на расната сегрегација на јавни места и дискриминаторската политика поради која лицата од афро-американско потекло не можеа да гласаат на избори.

Последната кампања на Мартин Лутер Кинг беше во Мемфис, Тенеси во март и април 1968-та година. Ноќта на 4-ти април во мотелот Лореин, врз Кинг беше извршен атентат.

„Сум ја видел ветената земја. Можеби нема да стигнам до неа со вас, но сакам да знаете дека ние, како народ ќе стигнеме до целта“, вели тој.

40 години подоцна, животот и делото на Кинг се слави со исполнети повеќето од неговите соништа, вклучувајќи го и изборот на Барак Обама, како прв претседател од афро-американско потекло на САД.

XS
SM
MD
LG