Линкови за пристапност

Макрон го отпушти телохранителот кој удри младич на протести


Кабинетот на претседателот мораше да реагира по притисокот од јавноста

Францускиот претседател Емануел Макрон одлучи да го отпушти лицето од обезбедувањето откако беше фатен на камера како удира демонстрант за време на Првомајските протести, објави Елисејската палата.

Макрон беше на удар на критика откако весникот Ле Монд објави аматерска видео снимка како Александер Бенала во полициска униформа удира млад човек.

Ле Монд напиша дека канцеларијата на Макрон го суспендирала Бенала на кус период, кој не е полицаец, но не ги информирала надлежните органи за инцидентот.

Во видеото се гледа како Бенала брутално се нафрла врз младиот човек, кој го моли да запре да го тепа. Друго лице во цивилна облека го влече младиот човек по земја.

Бенала се гледа дека е опкружен со полицајци, но никој не интервенира да го запре. Подоцна беше идентификуван како член од персоналот во Кабинетот на францускиот претседател Макрон.

Претседателската палата во Париз објави дека Бенала бил суспендиран без плата од работа на две недели, и` беше префрлен на административна функција, наместо да ги организира безбедносните подготовки за време на патувањата на Макрон.

XS
SM
MD
LG