Линкови за пристапност

Обновување на разговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија


Обновување на разговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:33 0:00

Обновување на разговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија

Намерата на Скопје е да продолжи со процесот на разговори со Софија и да не дозволи ова прашање да се претвори во замрзнат конфликт како што беше случајот со Грција во периодот на спорот за името.

Разговорите меѓу Скопје и Софија, по неколкумесечната пауза, пак ќе се реактивираат. Двете земји се во фаза на финализирање на акцискиот план, документ за соработка на ниво на министерства, кој содржи временска рамка за идни и завршување на заостанати проекти. Шефот на македонската дипломатија најавува промена во пристапот кон Бугарија – од емоционален во рационален.

Сметавме дека треба да се продолжи со акциски план кој ќе стави акцент на соработка на линиските министерства кои ќе го подобруваат животот на луѓето од двете страни на границата.
Османи, министер за надворешни работи


„Чувството беше дека во првата фаза дијалогот помеѓу нас и Бугарија беше премногу емоционален, со премногу емоции во него, сметавме дека треба да го смениме пристапот во однос на овој дијалог, да воспоставиме повеќе рационален пристап во овие разговори и продолжување на комуникацијата во темите за кои имаме повеќе разбирање со цел да спласнат тие емоции, но и за да се создаде доверба во тој дијалог. Сметавме дека треба да се продолжи со акциски план кој ќе стави акцент на соработка на линиските министерства кои ќе го подобруваат животот на луѓето од двете страни на границата.“, изјави Бујар Османи, министер за надворешни работи на Северна Македонија.

Овој план, според Османи, не содржи горливи теми како идентитетските и јазичните прашањата што Софија ги искористи за да ја аргументира својата одлука за блокада на евроинтеграциите на земјава. Акцискиот план е речиси готов и од неговото финализирање ќе зависи и тајмингот на одржување на втората Меѓувладина седница меѓу двете земји чиј домаќин ќе биде Северна Македонија.

Мислам дека 99 проценти од тој акциски план е финализиран, останува да го завршиме и да финализираме датумот во зависност од агендите на двете влади зашто во Бугарија следат избори
Османи, министер за надворешни работи


„Јас сум во постојана комуникација со министерката Захариева, но и нашите служби комуницраат за дефинирање на текстот што е комплексен процес зашто вклучува многу институции... Мислам дека 99 проценти од тој акциски план е финализиран, останува да го завршиме и да финализираме датумот во зависност од агендите на двете влади зашто во Бугарија следат избори.“, изјави Бујар Османи, министер за надворешни работи на Северна Македонија

Главниот плоштад во Скопје
Главниот плоштад во Скопје

Намерата на Скопје е да продолжи со процесот на разговори со Софија и да не дозволи ова прашање да се претвори во замрзнат конфликт како што беше случајот со Грција во периодот на спорот за името. За евроинтегарциите на земјава се зборувало и на видео-конференцијата со Аугусто Сантос Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земја претседавач со Советот на ЕУ. Очекувањата се дека токму за време на португалското претседателство ќе се заокружи одлуката на Советот на ЕУ за почеток на преговори со Северна Македонија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG