Линкови за пристапност

Блинкен ја истакна важноста од членството на Северна Македонија во НАТО во телефонски разговор со Дендијас


Државниот секретар на САД и грчкиот министер за надворешни работи разговарале за лидерството на Грција во унапредување на европската интеграција на Западен Балкан, соопшти Стејт департментот

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен, во телефонски разговор со грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендијас, ја повтори историската важност од зачленувањето на Северна Македонија во НАТО.

„Секретарот Блинкен го поздрави лидерството на Грција во унапредување на трансатлантската и европската интеграција на Западен Балкан“, соопшти портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

Прајс рече дека „секретарот Блинкен и грчкиот министер Дендијас ја истакнаа нивната заложба за натамошно зацврстување на билатералните односи меѓу САД и Грција, и блиската соработка во одбраната, енергетската разновидност и стабилноста во поширокиот регион на источниот Медитеран“.

Блинкен, исто така, ја нагласил поддршката за тековните разговори меѓу Грција и Турција, како НАТО сојузнички.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG