Линкови за пристапност

Аналитичари за Гласот на Америка: Резултатите од вториот круг од локалните избори, ќе ги одредуваат политичките текови на национално ниво


Експерти за очекувањата од вториот круг на локалните избори
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:57 0:00

Имаме Влада која е заснована на тенко мнозинство од само 62 пратеници, и во една таква ситуација, помалите партии ќе имаат голема моќ - коментираат аналитичари.

Резултатите од вториот круг од локалните избори во Северна Македонја, можат да донесат многу интересни резултати. Во оние општини, каде што повторно ќе се гласа, тие ќе бидат непредвидливи, вели за Гласот на Америка, политичкиот аналитичар, Џелал Незири.

„Често се случува кај нас, во Северна Македонија во вториот круг да се случи пресврт. Значи, вториот кандидат кој добил помалку гласови во првиот круг, да стане и градоначалник со тоа што во овој период помеѓу двата изборни круга, успеал да договори поддршка од различни политички центри на моќ или група на граѓани“, коментира политичкиот аналитичар, Џелал Незири.

Незири, предупредува дека резултатите од вториот круг, ќе ги одредуваат и политичките текови на национално ниво.

Имаме Влада која е заснована на тенко мнозинство од само 62 пратеници, и во една таква ситуација, помалите партии ќе имаат голема моќ - вели тој.

„Од друга страна, имаме опозиција, која за прв пат после многу години, го почуствува вкусот на победата и оваа победа во однос на СДСМ, со 50.000 гласови разлика од првиот круг, ќе се искористи како политички моментум за да се мобилизираат и т.н. заспани гласачи, на оваа партија“, вели политичкиот аналитичар, Џелал Незири

За комуникологот, Бојан Кордалов уште поважен е еден друг момент. Според него, пораката која граѓаните ја испратиле уште во првиот круг е јасна, а тоа е дека сите политички партии, особено големите, мора да разберат дека треба да се менуваат.

„За прв пат се движиме околу 50% излезност. Ако продолжи ова темпо и ако партиите не се менуваат, ќе продолжиме да паѓаме и ќе стигнеме под 50% излезност, а тоа е поголемо неучество, отколку политичко учество на граѓаните на изборите, од што губи целата држава“, Бојан Кордалов-комуниколог.

Кордалов додава дека време за игри без граници, надмудрување и ставање на лидерите и партиите во фокусот на нивните интереси, повеќе нема.

„Пораката која граѓаните сакаат да ја видат, и да разберат дека даваат шанса на кандидатите да ги променат работите и да ја реализираат програмата, а не дека даваат шанса некој да владее со нив“, оцени, Бојан Кордалов, комуниколог.

Втор круг од локалните избори на 31 октомври ќе има во 44 општини во Северна Македонија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG