Линкови за пристапност

Кого ќе подржат СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ во вториот круг на локалните избори


СДСМ најави поддршка на ДУИ секаде освен во Тетово и Желино, ВМРО – ДПМНЕ пак стои зад Алијанса и Алтернатива и официјално од денеска и зад Димитриевски во Куманово

СКОПЈЕ – Двете најголеми партии од македонски политички блок со прецизни ставови и упатства до своите членови, активисти и симпатизери за кого да гласаат во вториот круг на локалните избори. Очекувано СДСМ ја дава поддршката на ДУИ а ВМРО – ДПМНЕ на Алијанса за Албанците и Алтернатива но екс социјалдемократот Максим Димитриесвки во Куманово.

Одлуката за поддршка на сите кандидати од опозицијата во оние општини каде што нема кандидат од ВМРО – ДПМНЕбеше донесена на денешната седница на Извршниот комитет која се одржа во Охрид. Реафирмирана е соработка и со Алијанса на Албанците и Алтернатива. Усвоен е проглас чија цел е да се сруши актуелната власт а Заев да си замине од премиерската функција а од партијата официјално повикаа на заедништво и обединување.

„Повикуваме на обединување на сите прогресивни сили против власта која носи порази, омаловажувања, неуспеси, го одзема достоинството. За таа цел ВМРО-ДПМНЕ ја реафирмира поддршката за кандидатите за градоначалници од Алијанса за Албанците и Алтернатива. Во местата каде немаме свои кандидати во вториот круг, природно ќе ги поддржи кандидатите кои се опозиција на власта и кои се борат против оваа власт која е корумпирана и криминална“, изјави Александар Николовски, потпретседател на ВМРО – ДПМНЕ.

СДСМ ќе ги поддржи сите кандидати на ДУИ во вториот круг освен во општините каде што во вториот круг ќе се гласа меѓу кандидатите од коалицијата на централното ниво односно на ДУИ и БЕСА. Тоа се општините Тетово и Желино и тука гласачите на СДСМ ќе постапат по свое убедување. СДСМ ќе ја даде поддршката и и на кандидатот на ДУИ во Струга, Рамиз Мерко, кој според премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, се „поправил“.

„Во вториот круг се обединуваме. Така што, во Струга даваме поддршка на Рамиз Мерко, во Кичево на Фатмир Дехари, во Гостивар на Невзат Бејта, во Чаир на Висар Ганиу и соодветно во другите општини. Исто како што ја очекуваме и ја добиваме поддршката од нашите коалициски партнери.Таму каде се коалициските партнери ДУИ и БЕСА, оставаме граѓаните, секако тие сами одлучуваат, секако и нашите членови имаат инструкции да гласаат по слободно убедување за она што е најдобро за нивниот град, рече премиерот Заев.

Втоприот круг локални избори ќе се одржи на 31 октомври а изборниот молк стапува на сила во петок на полноќ.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG