Линкови за пристапност

Анѓушев: Улогата на политиката е да креира деловна клима


Анѓушев: Улогата на политиката е да креира деловна клима
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:27 0:00

Вицепремиерот за економски прашања на Македонија се заложи за отстранување на нелегална конкуренција во приватниот сектор и најави дека тоа ќе биде еден од приоритетите

Вицепремиерот за економски прашања на Македонија Кочо Анѓушев, се заложи за отстранување на нелегална конкуренција во приватниот сектор и најави дека тоа ќе биде еден од приоритетите на новата влада.

На форумот насловен како „Македонија врти нова страница“ на Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон, говорејќи, како што кажа, од аспект на бизнисмен, смета дека политиката мора да се оттргне од бизнисот. Тој рече дека улогата на политиката е да креира само деловна клима и поголеми бизнис-врски.

Тој најави усвојување владини економски мерки, кои според него, ќе го забрзаат патот кон ЕУ и НАТО. Ја истакна потребата да се градење консензус меѓу сите политички партии и да се обезбеди поддршка во меѓународната заедница за решение за името.

Анѓушев најави безрезервна поддршка за бизнисмените и најави поотворена економска политика за стопанствениците, без владина интервенција. Посочи на неопходноста од слободни медиуми во земјата, да критикуваат и да бараат одговорност од вршителите на јавни функции. Повика на отворен Парламент, и упати повик опозицијата да биде контролор на политиките на власта.

Главната уредничка на македонската редакција на Гласот на Америка Лилица Китановска се осврна на актуелните политички предизвици, но и се наврати на изминатата деценија и турбулентниот политички период низ кој мина Македонија. „Македонската влада не смее да го пропушти моментумот на реформи“, да го запре процесот на „одлевање на мозоци меѓу младите“ и да се справи со невработеноста. Според Китановска, со поддршка од вистински пријатели, Македонија, може да добие едра на патот кон ЕУ и НАТО.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG