Линкови за пристапност

Џонсон и Џонсон ја одложи испораката на вакцината против Ковид-19 во Европа


Одложувањето на вакцинацијата со едната доза на Џонсон и Џонсон е дополнителен удар врз Европа, која е зафатена со бавен процес за вакцинација на населението и се соочува со недостиг од вакцини.

Неколку часа откако беше побарано паузирање на користењето на вакцината Johnson & Johnson поради појава на тромбови американскиот фармацевтски гигант најави дека го одложува доставувањето на вакцината од една доза за Европа.

„Соработуваме со медицински експерти и здравствени власти и ќе споделуваме информации со лица од здравствениот сектор и јавноста“, се вели во соопштението од компанијата.

Одложувањето на вакцинацијата со едната доза на Џонсон и Џонсон е дополнителен удар врз Европа, која е зафатена со бавен процес за вакцинација на населението и се соочува со недостиг од вакцини.

Вакцината на Џонсон и Џонсон е втора која се поврзува со потенцијални тромбови.

Претходно, неколку држави издадоа нови упатства за употреба на вакцината на Астра Зенека, откако медицинскиот регулатор на Европската Унија објави врска помеѓу вакцината и ретки, евентуално фатални згрутчувања на крвта.

Центрите за контрола и превенција на болести на САД и Администрацијата за храна и лекови рано вчера издадоа заедничко соопштение во кое се вели дека се истражуваат случаи на „ретка појава на тешки тромбови“ кај шест жени на возраст од 18 до 48 години, 6 до 13 дена по примањето на вакцината која се дава во само една доза.

Во соопштението се потенцира и дека во земјата се дадени повеќе од 6.8 милиони дози од оваа вакцина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG