Центрите за контрола и превенција на болести на САД и Администрацијата за храна и лекови рано во вторникот издадоа заедничко соопштение во кое се вели дека се истражуваат случаи на „ретка појава на тешки тромбови“ кај шест жени на возраст од 18 до 48 години, 6 до 13 дена по примањето на вакцината која се дава во само една доза. Во соопштението се потенцира и дека во земјата се дадени повеќе од 6.8 милиони дози од оваа вакцина.
Њујорк Тајмс известува дека една жена починала, а друга во сојузната држава Небраска е хоспитализирана во критична состојба.
Од Центрите за контрола на болести велат дека во среда ќе се одржи итен состанок на Советодавниот комитет за практики на имунизација за „понатамошно разгледување на овие случаи и проценка на нивното потенцијално значење“.
Вакцината на Johnson & Johnson е втора која се поврзува со потенцијални тромбови. Претходно, неколку држави издадоа нови упатства за употреба на вакцината на AstraZeneca, откако медицинскиот регулатор на Европската Унија објави врска помеѓу вакцината и ретки, евентуално фатални згрутчувања на крвта.