Линкови за пристапност

Јапонска медицинска асоцијација апелира за откажување на Олимпијадата поради новиот бран со Ковид-19


Актуелниот бран со новозаразени во Токио и некои соседни општини го крена нивото на вонредна состојба.

На помалку од три месеци пред отворањето и свечената церемонија на Летните олимписки игри во Токио, главната јапонска медицинска асоцијација повика на откажување на мега-настанот поради актуелниот бран на новозаразени од Ковид-19.

Медицинската асоцијација на Јапонија објави отворено писмо до премиерот Јошихиде Суга со предупредување дека болниците во главниот град се „речиси преполни“.

Асоцијацијата во која членуваат околу 6000 лекари и болници апелираа до премиерот Суга да го убеди Меѓународниот Олимписки Комитет дека одржувањето на Игрите ќе биде „невозможно“ и оти треба да бидат откажани.

Актуелниот бран со новозаразени во Токио и некои соседни општини го крена нивото на вонредна состојба.

Олимпискиот игри се закажани за 23-ти јули, што е една година одложување, поради пандемијата.

Последните анкети во Јапонија покажуваат дека 80% од Јапонците се против одржувањето на Игрите, од кои 43% се за откажување, а околу 40% за повторно одложување.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG