Линкови за пристапност

Вакцината на Џонсон & Џонсон е успешна во Јужна Африка


Истражувањето покажа дека нуди заштита од 91% до 96,1% против смрт, 67% ефикасност против заразување со коронавирусот и 71% заштита од сојот Делта.

Резултатите се позитивни од испитувањето на вакцината против Ковид-19 на Џонсон и Џонсон.

Најново истражување покажа дека од средината на февруари до мај биле вакцинирани 470 здравствени работници. Едната доза од оваа фармацевтска компанија беше одобрена во април.

Истражувањето покажа дека нуди заштита од 91% до 96,1% против смрт, 67% ефикасност против заразување со коронавирусот и 71% заштита од сојот Делта.

Заклучно со вчера, повеќе од 8,3 милиони луѓе се вакцинирани во Јужна Африка.

По повеќе од 20 месеци откако се појавија првите случаи во Вухан, Кина, глобалната пандемија надмина 200 милиони на потврдени случаи, вклучувајќи 4,2 милиони жртви, според Џонс Хопкинс.

САД водат на листата со повеќе од 35 милиони случаи, вклучувајќи и најмалку 600.000 смртни случаи, по Индија, Бразил, Франција и Русија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG