Ваквата најава дојде лично од премиерот Марио Драги, при што ги потврди плановите на владата за лансирање на програма за пасоши за вакцинација против Ковид-19 до средината на месецот, за да им овозможи на меѓународните туристи да влезат во земјата без да одат во карантин.
Но, засега не се обелоденети детали, иако министерот за туризам Масимо Гараваглија изјави дека ќе биде „валиден за секој, но и за туристи надвор од ЕУ“.
„Се што ви е потребно е обичен документ што е доказ дека ги почитувате правилата. Тоа ќе биде доказ дека или сте вакцинирани или сте имуни зашто сте прележале коронавирус“, изјави тој за Скај 24.
Но, нејасно е кој ќе го издава сертификатот за вакцинацијата.
Владите во јужна Европа се очајни повторно да ги отворат вратите за туристите. Туризмот носеше приходи од 13% од бруто-домашниот производ на Италија пред почетокот на кризата со пандемијата.
Facebook Forum