Линкови за пристапност

Вакцините против Ковид-19 и климатските промени на агендата на Г-7


Државниот секретар Антони Блинкен се сретна со британскиот премиер Борис Џонсон, чија канцеларија ја нагласи важноста од глобален пристап до вакцини против Ковид-19.

Министрите за надворешни работи на Г-7 го свртеа вниманието на прашања од глобален интерес, вклучувајќи ги вакцините против коронавирусот, климатските промени и образованието на девојчињата на крајот од тридневните разговори во Лондон.

„Мислам дека КОВАКС и можноста да се финансира овој фонд со цел вакцини да добијат најранливите, но и да се распредели вишокот од вакцини е добра можност да бараме решенија со нашите Индо-пацифички партнери“, рече британскиот шеф на дипломатијата Доминик Раб.

Државниот секретар Антони Блинкен се сретна со британскиот премиер Борис Џонсон, чија канцеларија ја нагласи важноста од глобален пристап до вакцини против Ковид-19.

„Премиерот и државниот секретар Блинкен се согласија дека глобалното доставување и дистрибуција на вакцините ќе биде клучно за поразување на пандемијата“ објавија од канцеларијата на Џонсон.

На синоќешните средбина Г-7 се наметна и предизвикот со Кина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG