Линкови за пристапност

ОН го осудија нападот со проектил во централен Израел


Генералниот секретар повика на „максимална воздржаност“.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека е „мошне загрижен за последниот развој на настаните“ во појасот Газа, откако Палестинците истрелаа проектил врз Израел, при што беа повредени седум лица.

Гутереш изјави дека нападот со проектил е „сериозно и неприфатливо кршење на примирјето“ и ги повика сите страни да покажат „максимална воздржаност“.

Тој рече дека за извештаите дека Израел возвратил на нападот само „понатамошно ќе ја ескалира состојбата и дополнително ќе ја влоши“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во време на посетата на Белата куќа дека неговата земја ќе „возврати со сила“ на ракетниот напад. Тој порача дека Израел ќе стори се` што е неопходно да се одбрани.

Израелската армија објави дека во воздушен напад била погодена куќа во централен Израел. Ова е втор напад врз Израел изминатите недели и Нетанјаху ја скрати посетата на Вашингтон.

Лидерот на Хамас Исмаил Ханије изјави дека неговата група ќе возврати на нападот, ако Израел изврши одмазнички напад за ракетниот проектил во централниот дел од земјата.

Нападот ги зголеми стравувањата за можноста од поширок конфликт на само две недели пред одржувањето на изборите во Израел.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG