Израел продолжи со воздушни напади врз појасот Газа, додека Палестинците возвраќаат со проектили врз јужен Израел. Продолжува бранот насилство меѓу двете страни, што трае повеќе од една недела.
Нема информации за жртви од последните напади.
Израелските воздушни напади се фокусирани на градот Газа, додека проектилите од милитантите се насочени во јужниот дел на Израел каде има предупредувачки аларм.
Жестоките престрелки изнудија соопштенија со загриженост од меѓународната заедница и се зголемија дипломатските напори за ставање крај на насилството.
Шефот за надворешни работи на ЕУ Јосеп Борел денеска одржува средби со министрите за надворешни работи на како да се поддржи де-ескалацијата на конфликтот.
Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки изјави дека „сакаме де-ескалација, што е можно побрзо“ и оти ќе бидат побарани конкретни чекори и од Израел и од Хамас.
„Најефикасен начин е преку интензивна и затскриена дипломатија, и тоа е наш фокус во моментов“, рече Псаки.
Facebook Forum