Линкови за пристапност

Не стивнуваат ракетирањата меѓу Израел и Газа


Франција поднесе резолуција во Советот за безбедност на ОН, во координација со Јордан и Египет и повика за стопирање на престрелките.

И покрај постојаните обиди од регионалните и меѓународни партнери за прекин на огнот меѓу Израел и палестинските милитанти во појасот Газа, нема знаци на намалување на интензитетот од воздушните напади меѓу израелската армија и милитантите од појасот Газа.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги отфрли критиките за воздушната кампања и оцени дека неговите сили се обидуваат да користат целење со „голема прецизност“, но не може да спречат било каква колатерална штета.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во твит се огласи дека „има огромно човечко страдање и голема штета врз домовите и виталната инфраструктура во Газа“, и ја повика меѓународната заедница да ги финансира хуманитарните програми во палестинската енклава“.


Франција поднесе резолуција во Советот за безбедност на ОН, во координација со Јордан и Египет и повика за стопирање на престрелките.

„Трите држави се договорија на три едноставни елементи – оружјето мора да мирува, време е за прекин на огнот и Советот за безбедност мора да се справи со прашањето“, се вели во соопштението од канцеларијата на францускиот претседател Емануел Макрон.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG