Израел ја нападна Газа утринава, втора недела откако почна насилството во регионот. Израелската војска рече дека биле погодени тунели користени од Хамас, како и домови на неколку команданти на милитантната група, која управува со Газа.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера рече дека не планира да ги запре воздушните напади врз Газа.
Државниот секретар на САД Ентони Блинкен, ги повика Хамас и други милитантни групи во Газа веднаш да ги запрат ракетните напади кон Израел, и рече дека иако Израел има право да се брани, треба да одбегне цивилни жртви.
Блинкен, кој денес беше во Данска да разговара за климатските промени, рече дека САД „работат интензивно зад сцената“ да се обидат да стават крај на насилството, вклучувајќи телефонски разговори во колегите во Египет, Катар, Пакистан, Саудиска Арабија и Франција.
Претседателот на САД Џо Бајден вчера зборувал со палестинскиот претседател Махмуд Абас да изрази загриженост за ситуацијата.
Од почетокот на нападите на 10-ти мај, убиени се најмалку 197 Палестинци, вклучувајќи најмалку 58 деца и 34 жени, согласно Министерството за здравство на Газа.
Убиени се и најмалку десет Израелци, меѓу кои и шестгодишник.
Facebook Forum