Линкови за пристапност

Нетанјаху најверојатно со петти мандат во Израел


Со 97 проценти од преброените гласови, Ликуд има изедначени гласови со Сината и белата партија, предводена од поранешниот армиски шеф Бени Ганц.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најверојатно ќе биде во можност да формира влада за петтиот мандат, како резултат на тесниот резултат кој покажа дека неговата десничарска партија Ликуд и другите националистички и верски партии имаат најдобра можност да формираат коалициона влада.

Со 97 проценти од преброените гласови, Ликуд има изедначени гласови со Сината и белата партија, предводена од поранешниот армиски шеф Бени Ганц.

Ниту една партија нема да има мнозинсто во Кнесетот и за формирање на влада ќе биде потребна коалиција. Ликуд и партнерите, веројатно ќе имаат 65 места во 120 члениот парламент.

Нетанјаху пред симпатизерите синоќа прогласи голема победа. Последните денови од кампањата на теренот, со цел да ја придобие базата, се заложи за припојување на доселеничките населби од окупираниот Западен брег.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG