Линкови за пристапност

Обама во Ирска ја започна европската турнеја


Обама во Ирска ја започна европската турнеја
Обама во Ирска ја започна европската турнеја

Акцентот на ситуацијата на Блискиот Исток и глобалната економска ситуација; на приватен план - потрага по ирските корени

Американскиот претседател Барак Обама со посетата на Ирска ја започна шестдневната туреја по четири европски држави, На дневен ред ќе доминираат состојбата на Блискиот исток, дискусијата за глобалните економски тешкотии на самитот на Г-8, а на приватен план, прославата на далечните ирски корени на Обама.

Крвавите немири во Либија, како и американската улога во воздушната акција на НАТО против силите лојални на водачот Моамар Гадафи најверојатно ќе биде главна надворешнополитичка тема на разговорите со европските лидери. Се очекува тие да дискутираат и за предизвиците во опоравокот од глобалната рецесија.

Во наредните неколку дена, Обама ќе се сретне со очи в очи со британскиот премиер Дејвид Камерун, рускиот претседател Дмитриј Медведев, францускиот претседател Николас Саркози и јапонскиот премиер Наото Кан.

Обама утрово се сретна со ирскиот претседател Мери МекАлис и премиерот Енда Кеди во Даблин. Од утре ќе биде во дводневна посета на Британија и ќе престојува во Бакингамската палата како гостин на кралицата Елизабета. Оттука заминува за Франција на Самитот на Г-8, а последна европска станица ќе му биде Полска и средбата со државници од земјите на Централна Европа.

Пред почетокот на официјалниот дел на посетата, Обама планира да го посети малото ирско место Манигал кое брои 296 жители и каде бил роден негов далечен предок од мајчина страна во 1830-та, пред да емигрира за САД - 20 години подоцна.

Белата куќа објави дека европската турнеја ја покажува американската ориентација кон сојузниците од континентот, по периодот во кој претседателот Обама бил фокусиран на Блискиот Исток.

XS
SM
MD
LG