Линкови за пристапност

Ирачкиот премиер одби да формира вонредна влада


Тврди дека тоа би било против уставот и резултатите од парламентарните избори од 30-ти април

Ирачкиот премиер Нури ал-Малики одби да формира вонредна влада што би помогнала земјата да се спротистави на офанзивата на сунитските исламистички милитанти.

Малики во денешното ТВ-обраќање оцени дека таквиот потег би бил против уставот и резултатите од парламентарните избори што се одржаа на 30-ти април.

Американскиот државен секретар Џон Кери понеделникот соопшти дека ирачките водачи го увериле дека ќе го испочитуваат крајниот рок, до 1-ви јули да започнат да формираат влада по изборите. И Кери, и претседателот Барак Обама го повикаа Ирак владата да ги вклучи малцинските муслимани - сунити и Курди. Владата на Малики, што е под шиитско раководство, е мета на критики дека ги изолира малцинствата и создава секташка напнатост. Малики во денешното обраќање повика на обединетост.

Милитантите на Исламската држава Ирак и Левант, организација што се отцепи од Ал-Каида, последниве денови зазедоа области во северните и западните делови на Ирак.САД одлучија да испратат вкупно 300 армиски советници во Ирак, со задача да помогнат на тамошните власти да се спротистават на милитантите. Денес започна со работа првата група на советници што пристигна во земјата.

XS
SM
MD
LG