Линкови за пристапност

Гувернерката Ангеловска-Бежоска за кризата со коронавирусот: Денарот останува стабилен, граѓаните треба да бидат спокојни


Интервју со Анита Ангеловска - Бежоска, гувернерка на Народна банка за последиците од кризата со коронавирусот

Интервју со Анита Ангеловска-Бежоска, Гувернерка на Народната банка на Северна Македонијa - за последиците врз економијата и новите проекции од ММФ за растот

Анита Ангеловска-Бежоска, гувернер на Народната банка на Северна Македонија преку Скајп говори за актуелната економска слика во земјата и кризата поради коронавирусот.

„ММФ предвидува пад од 3% на глобалната економија поради кризата со коронавирусот. Најпогодени ќе бидат развиените и земјите во развој. Дното на кризата се очекува во вториот квартал од годината“, вели Бежоска, пренесувајќи ја атмосферата од пролетните состаноци на ММФ и Светската банка кои годинава се одржуваат виртуелно поради пандемијата. „Следната година се очекува забрзан раст од 5,7% на светско ниво. За мала и отворена економија, како македонската, која зависи од опкружувањето, се очекува пад на економската активност од 4% оваа година, но како и за светот, така и за Северна Македонија, следната година се очекува забрзан раст, најави гувернерката и потенцираше дека денарот останува стабилен и граѓаните треба да бидат спокојни. „Народната банка има и сет на инструменти одржување на стабилноста на денарот, а еден од факторите е високо ниво на девизни резерви што во моментов изнесува 3 милијарди евра, и е двојно повисоко од претходната глобална економска криза“, нагласи гувернерката на Народната банка на Северна Македонија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG