Линкови за пристапност

Греам Бруки од Атлантскиот совет: Смешни се нападите врз амбасадорот Бејли за некакви влијанија


Греам Бруки од Атлантскиот совет: Во Македонија предничи Фејсбук, пред Твитер и Инстаграм
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:59 0:00

Греам Бруки од Атлантскиот совет: Во Македонија предничи Фејсбук, во информирање преку социјалните медиуми

Првиот човек на дигиталниот сектор на Атлантскиот совет во Вашингтон направи пресек на медиумскиот простор во Македонија, и информирањето по референдумот и во време на парламентарната дебата за уставните измени.

Медиумскиот пазар во Македонија е особено фрагментиран. Со оглед на услугите и платформите каде се консумираат вести, релативно евтините он-лајн интернет– страници се норма, а не исклучок. Меѓу социјалните медиуми предничи Фејсбукс како извор на информирање, наведува Директорот на истражувачката дигитална лабораторија на Атлантскиот совет, Греам Бруки во разговор за Гласот на Америка.

Првиот човек на дигиталниот сектор на Атлантскиот совет во Вашингтон направи пресек на медиумскиот простор во Македонија, и информирањето по референдумот и во време на парламентарната дебата за уставните измени.

Истражувањето се однесува како граѓаните ги консумираат вестите, особено денес.

„Во Македонија, конкретно, поголемиот дел од информациите се` уште се консумираат преку телевизиски вести во утринските емисии и во вечерните вести. Така се информира поголемо мнозинство во Македонија на дневна основа“, изјави аналитичарот.

Он-лајн медиумскиот пазар се` уште не е консолидиран, зашто нема меинстрим медиуми за вести, а тоа е последица од времето на поранешната влада на премиерот Груевски што се одрази врз слободата на медиумите, вели Бруки.

„Најголема платформа за социјалните медиуми во Македонија е Фејсбук, додека Твитер и Инстаграм не се толку значајни во информирањето“, вели Греам.

САД и ЕУ од една страна, и Русија од друга, за време на драматичниот период околу усвојување на уставните измени во Парламентот, согласно Договорот од Преспа, се прилично јасни со јавните дипломатии, вели аналитичарот од Атлантскиот совет, но наративот е различен.

„На пример, амбасадорот Бејли е мета на постојани напади во информатичкиот свет во Македонија дека е вклучен во разни случаи на креирање влијание. Но, тој само си ја врши работата, а тоа е ги претставува САД во Македонија. Нема докази дека вклучен во ширење разни влијанија. Тоа е смешно“, коментира Греам.

За растечкото руското влијание на социјалните медиуми во време на конечно, парламентарното изјаснување за уставните промени во Македонија, тој вели: „Интересно прашање, зашто не забележавме одржлив степен на ангажираност, како што традиционално ги нарекуваме активности на тролови во македонски медиумски простор. Но, не значи дека ги нема во Македонија“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG