Линкови за пристапност

Пакистан ќе го ослободи индискиот пилот


САД се обидоа да ја намалат напнатоста меѓу двете нуклеарни сили.

Пакистан објави дека пилотот на индискиот воен авион кој беше соборен во Кашмир неделава ќе биде ослободен.

Пакистанскиот премиер Имран Кан пред пратениците изјави дека неговото ослободување е „гест на добра волја“ кон соседот со нуклеарен арсенал.

САД се обидоа да ја намалат напнатоста меѓу двете нуклеарни сили.

„Се наоѓаме во средиштето на обид да им помогнеме на обете страни“, рече претседателот Трамп.

Индија обелодени дека нивни воени авион влегол во пакистанската воздушна територија за прв пат со децении и убил голем број милитанти во камп за обука.

На почетокот од февруари, при самоубиствен бомбашки напад од пакистанските милитанти загинаа најмалку 40 индиски полицајци во Кашмир.

Пакистан и Индија досега беа во војна три пати од независноста од Британија во 1947-ма.

Во четвртокот, двете страни, во кус инцидент, разменија оган во Кашмир, но нема извештаи за жртви.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG