Индија објави најголем број на починати од Ковид-19 за 24 часа во светот од почетокот на пандемијата.
Министерството за здравство потврди дека 4529 лица го загубиле животот како последица од Ковид-19.
Индија сега има 283.248 смртни случаи од повеќе од 25,4, милиони заразени жители. Сега се наоѓа на второто место, зад САД кои водат со 587.219 смртни случаи и потврдени 32,9 милиони во светки рамки.
Во меѓувреме и покрај растечките повици за откажување на претстојните Олимписки игри во Токио, претседателот на Меѓународниот Олимписки Комитет Томас Бах, истакна дека Олимписките игри и Параолимписките Игри ќе бидат безбедни за сите учесници.
Тој вети дека повеќе од 80% од жителите во Олимпиското село ќе бидат вакцинирани против Коивд-19 и оти дополнителни медицински лица од другите земји ќе бидат присутни на мега-спортскиот настан во светот.
Facebook Forum