Линкови за пристапност

Индија со најголем број новозаразени во еден ден во светот


Денеска е осми последователен ден во Индија со повеќе од 200.000 нови случаи на коронавирус, со што севкупната бројка изнесува над 15,9 милиони.

Индија објави 314.835 новозаразени за еден ден, највисока бројка за еден ден во една земја од почетокот на глобалната пандемија.

За споредба, САД на 2-ри јануари имаа 300.312 новозаразени за еден ден, според Центарот за истражување при Џонс Хопкинс во Вашингтон.

Индија е втора најнаселена држава во светот и се справува со втор бран на инфекции, додека здравствениот систем е пред колапс. Особено има недостиг на респираторни системи во главниот град Њу Делхи.

Денеска е осми последователен ден во Индија со повеќе од 200.000 нови случаи на коронавирус, со што севкупната бројка изнесува над 15,9 милиони.

Експертите сметаат дека причината за ваквиот скок на нови случаи е поради мутацијата и појавата на новите видови на вирусот, како и укинувањето на ограничувањата за големи собири. Премиерот Наренда Моди е под жестока критика дека дозволи одржување на годишниот религиозен фестивал Хинду.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG