Вакцината на Џонсон и Џонсон против Ковид-19 се најде на понатамошен удар и критика од американските здравствени власти.
Д-р Рошел Валенски, директорка на Центарот за контрола и превенција на болести изјави дека Агенцијата разгледува извештаи за дополнителни случаи на потешки несакани ефекти поврзани со вакцината со една доза.
Таа за време на брифингот со Белата куќа рече дека „ е охрабрувачки што нема толку случаи, но се разгледуваат некои, од нив“.
ЦДЦ и Администрацијата за храна и лекови (ФДА) заеднички повикаа на стопирање на доставувањето на вакцината на Џонсон и Џонсон минатата недела откако шест жени на возраст од 18 до 48 години развија ретка но сериозна форма на згрутчување на крвта по вакцинацијата. Една жена почина, а друга е во критична состојба.
Шесте жени се меѓу 7-те милиони Американци коишто примиле веќе вакцина од Џонсон и Џонсон.
Facebook Forum