Линкови за пристапност

Повеќе од половина милион без струја при налетот на ураганот Сали


Сали стаса до категорија 2, во близина на брегот од Алабама и оттаму бавно се упати кон Флорида.

Повеќе од 500.000 жители од крајбрежните области на Алабама и Флорида се без струја откако ураганот Сали помина со целата опустошувачка силина.


Сали стаса до категорија 2, во близина на брегот од Алабама и оттаму бавно се упати кон Флорида.

Тони Кенон, градоначалник на плажата Оринџ, Алабама, изјави дека од налетот на бурата едно лице починало, а едно се води за исчезнато.

Спасувачките екипи спасиле најмалку 377 лица во општината Ескамбиа во Флорида, откако ураганот истури 61 сантиметри дожд. Властите во оваа општина прогласија полициски час во следните три дена.

Дали подоцна ја загуби силината во Флорида и се упати кон Џорџија и Јужна Каролина, и полека добива статус на тропска бура. Ураганот Сали се совпаѓа со Иван пред три години истиот датум, кога беше категорија 3.

Сали е втора бура што го погоди истиот регион во помалку од три недели.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG