Линкови за пристапност

Ураганот Сали е закана со големи поплави


Се очекува до 75 сантиметри дожд во некои области долж крајбрежјето.

Поројни дождови од ураганот Сали ја погодија Флорида и крајбрежјето од Алабама. Метеоролозите очекуваат бавното движење на бурата да продолжи да носи со себе пороен дожд, евентуално предизвикувајќи поплави во северниот дел од Мексиканскиот залив. Најмногу дожд се очекува долж државната граница меѓу Алабама и Мисисипи.


Се очекува до 75 сантиметри дожд во некои области долж крајбрежјето. Гувернерот на Алабама, Кеи Илеј, ги повика жителите близу Мобајл Беј да се евакуираат додека можат.

Националниот центар за урагани очекува Сали да остане категорија 1, со ветришта над 130 километри на час.

Предупредувања за ураган се издадени за областите источно од Сент Луис, Мисисипи до Наваре, Флорида.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG