Линкови за пристапност

Белата куќа: Претседателот Трамп се среќава со лидерите на Србија и Косово


Трамп ќе присуствува на церемонија на потпишување и ќе учествува на трилатералната средба по состанокот, иако конкретно не е објавено каков документ ќе биде потпишан.

Претседателот Трамп денеска се среќава со косовскиот премиер Авдулах Хоти и српскиот претседател Александар Вучиќ во Овалната соба, објави Белата куќа.

Трамп ќе присуствува на церемонија на потпишување и ќе учествува на трилатералната средба по состанокот, иако конкретно не е објавено каков документ ќе биде потпишан.

По првиот ден од преговорите за нормализирање на економски односи, Вучиќ рече дека ќе го презентира предлог-договорот, што повикува на меѓусебно признавање, а кој тој го отфрлил.

Гренел ги пречекува Хоти и Вучиќ
Гренел ги пречекува Хоти и Вучиќ

Специјалниот пратеник на претседателот Трамп за мировните разговори меѓу Косово и Србија, Ричард Гренел, преку Твитер, се произнесе дека тоа не е точно.

https://twitter.com/TriaRyder/status/1301576984619749376/photo/1

Од своја страна, косовскиот премиер Хоти не коментираше дали има таков предлог, но потенцираше дека „штетни договори за Косово, неприфатливи за Косово, никогаш не дошле и нема да дојдат до Белата куќа“.


Синоќа, откако лидерите од Белград и Приштина го завршија првиот дел од преговори, Гренел се огласи преку Твитер:

„Беше мошне продуктивен ден“.

https://twitter.com/RichardGrenell/status/1301670492013723648

Претходно и советникот за национална безбедност на Трамп, Роберт О Браен, кој е ко-домаќин на средбите со Гренел, изрази оптимистички тон за преговорите.

По средбата со претседателот Трамп во Белата куќа, Хоти и Вучиќ треба да имаат одделна средба со државниот секретар Мајк Помпео.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG