Линкови за пристапност

Пад на јавниот интерес за контрола на оружјето во САД


По масовното пукање во средно училиште во Паркленд, Флорида на 14-ти февруари, многу Американци рекоа дека контролата на оружјето е најважното прашање со кое се соочува земјата

Една неодамнешна анкета на јавното мислење на „Галуп“ покажа дека оние кои сметаат дека контролата на оружјето е најважно прашање, се намалила од 13 отсто на 6, за само еден месец, што преставува рекорден пад.

Сега, повеќето Американци сметаат дека незадоволството од владата (23 отсто), имиграцијата (11 отсто) и расната дискриминација (7 проценти) се поважни од контролата на оружјето.

По масовното пукање во 2012-та во основното училиште Сенди Хук, четири отсто од Американците рекле дека контролата на оружјето е прашање со најголем приоритет. Од "Галуп" изјавија дека дури имало искачување и до седум проценти, но кога Конгресот не донел закон за контрола на оружје, процентот на Американците кои мислат дека контролата на оружјето има најголем приоритет, се врати повторно на нула.

Можеби не е изненадувачки, но според анкетата, демократите поверојатно два пати повеќе мислат дека насилството со оружје е меѓу најважните прашања во споредба со републиканците со четири проценти. Кај демократите, исто така, се бележи најголем пад кај оние кои велат дека оружјето е главен проблем, пад за половина, за само еден месец.

Пукањето во Паркленд, Флорида го поттикна Претставничкиот дом да го усвои Законот за насилство во училиштата, кој овластува 50 милиони долари годишно за финансирање на иницијативи и други обуки со цел подобрување на училишната безбедност. Предлог-законот, исто така, ќе обезбеди 25 милиони долари за да ги направи училиштата помалку подложни со додавање метални детектори, подобри брави за вратите и други техники.

Анкетата на „Галуп“ е спроведена врз 1.015 лица, на возраст од 18 години и постари, во сите 50 држави во САД, како и главниот град Вашингтон меѓу 2-ри и 11-ти април.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG