Линкови за пристапност

Горјан Јовановски, „Мој Воздух“: „Сите го дишеме истиот воздух“


Горјан Јовановски, „Мој Воздух“: „Сите го дишеме истиот воздух“
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:42 0:00

Горјан Јовановски, „Мој Воздух“: „Сите го дишеме истиот воздух“

Еден млад македонски програмер со визија е креатор на апликацијата AirCare, која стана инстант хит ѝ ја инсталираат се повеќе луѓе не само во Македонија, туку и во регионот. AirCare отсега достапна со информации и за квалитетот на воздухот во САД.

27-годишниот Скопјанец Горјан Јовановски е софтверски инженер, стои зад апликацијата AirCare, позната како Мој Воздух, која информира за загадувањето на воздухот во 39 земји на 8 јазици. Вели, ги комбинира двете пасии – технологијата и екологијата.

Глас на Америка: Што е AirCare?

Јовановски: AirCare e апликација за твојот мобилен телефон или за лап-топ компјутерот, преку која може да знаеш каков е воздухот околу тебе, колку воздухот е загаден околу тебе и што точно дишеш.

Глас на Америка: Колку се меродавни информациите, какви методи користите?

Јовановски: Информациите ги добиваме од три главни извори: од државни мерки станици за загадување на воздухот, oд волонтерски мерни станици, и од сателитски мерни станици, како податоците од Европската вселенска агенција, и од НАСА.

Апликацијата МојВоздух, или AirCare, постои од 2015-та во Македонија. Од 2019-та, прва земјa во која се прошири овој популарен „Еп“ во регионот е Србија, зашто и самата се соочува со огромен предизвик со загадување.

Глас на Америка: Зошто е битно во денешно време да се интензивира борбата за поголема гласност за почист воздух? Што е во залог?

Светот е во залог. Климатските промени. Загадувањето е една од последиците кои што се соочуваме, поради тие климатски промени што ги имаме.
Горјан Јовановски


Јовановски: „Светот е во залог. Климатските промени. Загадувањето е една од последиците кои што се соочуваме, поради тие климатски промени што ги имаме. Сите во светот, не само Македонија како поединечна држава, мора да ги смениме нашите навики и да пристапиме кон една зелена и почиста, еколошка иднина, ако сакаме да опстоиме како човечки род.

Глас на Америка: Последна додадена земја на апликацијата за мерењето на загадувањето на воздухот се САД. Дали Калифорнија и натаму води со непопуларниот тренд на загаденост?

Јовановски: Дефинитивно. Калифорнија поради шумските пожари е многу загадена овој период. Откако дознаа дека се пробивме во САД, многу корисниците почнаа да ја преземаат апликацијата на своите мобилни телефони, и ја користат секој ден, по неколку пати, да проверат какво е загадувањето околу нив, но ѝ да ги следат пожарите.

Колку е загаден воздухот?
Колку е загаден воздухот?


Глас на Америка: Која е твојата порака до политичкиот естаблишмент за активно вклучување во кревање поголема свест за загадувањето?

Сите го дишеме истиот воздух! Некој не е по привилегиран да дише почист воздух од друг. Независно дали живеете во Скопје, на Балканот или во Калифорнија. Сите го имаме истиот проблем.
Горјан Јовановски


Јовановски: Мојата порака е едноставна: Сите го дишеме истиот воздух! Некој не е по привилегиран да дише почист воздух од друг. Независно дали живеете во Скопје, на Балканот или во Калифорнија. Сите го имаме истиот проблем. Затоа политичарите треба реално да пристапат ко решавање на овие проблеми, коишто барат и ресурси и храброст, но верувам дека на долгорочен план, ќе донесат многу доблести за целото човештво.

Доколку, сакате да се информирате за загадувањето на воздухот околу Вас, во вашата околина, не само во Македонија, отсега и во САД, преземете ја - AirCare. Бесплатна е!

Линк: https://getaircare.com/

XS
SM
MD
LG