Линкови за пристапност

Пет случаи од Врховниот суд на САД што имаат глобално влијание


Некои одлуки имаат многу поголемо глобално влијание врз граѓаните, бизнисите и владите ширум светот.

Секоја година, Врховниот суд на САД, носи конечни одлуки за околу 70 случаи, кои што може да влијаат врз животот во американското општество во следните генерации. Но, некои одлуки имаат многу поголемо глобално влијание врз граѓаните, бизнисите и владите ширум светот.

Оваа година највисоката судска истанца во САД се произнесе за најмалку пет случаи. Тие се однесуваат од случаи, дали индиски фармери и риболовци може да ја тужат Светската банка, па се до, дали недокументиран студент од Обединетите Арапски Емирати може да биде обвинет за илегално поседување на оружје во САД.

Apple Inc. v. Pepper [[ https://www.supremecourt.gov/opinions/18pdf/17-204_bq7d.pdf ]]

Голема победа за корисниците на Ајфон, Врховниот суд даде зелено светло да продолжи цивилната тужба по пониските судови против технолошкиот гигант. Во тужбата од 2013-та, четири корисници на Ај-фон го обвинија Епл дека користи монопол со кревањето на цените преку App Store. Судиите не се произнесоа дали Епл ги прекршил законите против мопопол, но дозволи тужбата и натаму да биде разгледувана по пониските судски истанци.

Nielsen v. Preap [[ https://www.supremecourt.gov/opinions/18pdf/16-1363_a86c.pdf ]]

Судиите донесоа одлука дека имиграционите власти, легално, може да држат нелегални мигранти во притвор додека се разгледува конечната одлука за нивно депортирање, што им даде дополнителна сила на администрацијата на Трамп во борбата за искоренувањето на илегалната имиграција.

Jam v. International Finance Corp. [[ https://www.supremecourt.gov/opinions/18pdf/17-1011_mkhn.pdf ]]

Одлуката е победа за група локални индиски жители коишто ја тужат финансиската филијала од Светската банка – ИФЦ. Риболовните и земјоделски заедници во Гуџат, Индија може да ја тужат ИФЦ во американските судови, за економска и штета по животната средина предизвикана од постројка на јаглен, која е финансирана од меѓународната финансиска организација. ИФЦ сметаше дека американските закони овозможуваат имунитет од тужби од странски државјани, но судот се фокусираше на друг закон кој нуди можност за исклучоци за странски организации кои се инволирани во комерцијални активности.

Republic of Sudan v. Harrison [[ https://www.supremecourt.gov/opinions/18pdf/16-1094_3d94.pdf ]]

Одлуката е чекор назад за семејствата на жртвите од бомбашкиот напад врз американскиот воен брод Ју-Ес-Ес Кол во 2000-та, кои ја тужеа владата на Судан и бараат финансиска компензација. Американските закони генерално ги штитат странските влади од цивилни тужби, но владите кои се окарактеризирани како спонзори на тероризмот, како таа во Судан, го губат имунитетот. Пониска судска истанца наложи да исплатат 314 милиони долари, но Судан поднесе жалба за одлуката. Врховниот суд застана зад Судан и ја поништи одлуката од пониската судска истанца.

Rehaif v. U.S. [[ https://www.supremecourt.gov/opinions/18pdf/17-9560_new_onkq.pdf ]]

Врховните судии ја преиначија пресудата против недокументиран студент од Обединетите Арапски Емирати, обвинет за нелегално поседување на оружје. Јамид Рехаиф влегол во САД со студентска виза, но бил исклучен од училиште поради слаби оценки. Рехаиф подоцна користел оружје на стрелиште. Владата го гонела според закон со кој недокументирани странски државјани не може да поседуваат огнено оружје. Судот го прогласи за виновен. Вишиот суд се произнесе дека „владата најпрво мора да докаже дека обвинетиот знаел дека поседува огнено оружје и оти спаѓа во одредена категорија на луѓе кои имаат забрана да поседуваат огнено оружје“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG