Линкови за пристапност

Светските лидери на виртуелен Самит за климатските промени


Белата куќа објави дека во напорите ќе бидат содржани намалување на јаглеродниот диоксид, зголемување на ефикасноста на моторите на автомобилите и камионите

Претседателот Бајден ќе најави нова цел за намалување на емисијата на издувни гасови во атмосферата за 50% до 52% до 2030-та, за време на виртуелниот глобален Самит за климатски промени.

Белата куќа објави дека во напорите ќе бидат содржани намалување на јаглеродниот диоксид, зголемување на ефикасноста на моторите на автомобилите и камионите, намалување на користењето на метанот од фабриките.

Официјален претставник од администрацијата на Бајден на брифингот со новинарите посочи дека новата американска цел и целта од Јапонија, Канада, Британија и ЕУ, што претставуваат повеќе од половина од светската економија, заедно се определени да се намали нивото на емисијата на издувни гасови што ќе влијае врз ограничување на затоплувањето на 1,5 степени.

Светските лидери се договорија да го ограничат глобалното затоплување под два степени при потпишувањето на Парискиот климатски договор во 2015-та. Целта е да се стаса до 1,5 степен.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG