Кина и САД, двата најголеми загадувачи во светот, постигнаа нов договор за преземање итни мерки за спречување на климатските промени.
Двете земји наведоа во заедничка изјава доцна во саботата дека „се посветени на соработка меѓу себе и со другите замји“ за справување со климатската криза „со сериозноста и итноста што е неопходна“.
Климатскиот специјален пратеник на САД Џон Кери и кинескиот колега Кси Женхуа го постигнаа договорот за време на тридневните разговори минатата недела во Шангај, само неколку дена пред виртуелниот самит за ова прашање што оваа недела го организираше американскиот претседател Џо Бајден.
Кери пред новинарите во Сеул во неделата изјави дека документот е „силен“ и дека Кина и САД се согласија за „критичните елементи за тоа каде треба да одиме“.
Кина, како најголем загадувач на јаглерод во светот и САД кои се наоѓаат на второто место, испуштаат скоро половина од испарувањата на фосилни горива што ја загрева атмосферата на планетата. Нивната соработка би била клучна во борбата против загадувањето.
Бајден на самитот за климатските промени, покани 40 светски лидери, вклучувајќи го и кинескиот претседател Ши Џинпинг.
САД и другите земји се очекува да објават понатамошни цели за намалување на емисиите на јаглерод и да ветат финансиска помош за контрола на климата во сиромашните земји.
И Кина и САД имаат поставено за цел да го намалат јаглеродот во следните децении.
Кси минатата година рече дека Кина ваквиот проблем ќе го реши до 2060-та година.
Бајден вели дека САД ќе се префрлат на сектор за електрична енергија без емисии до 2035-та година и ќе имаат целосна економија без штетни емисии до 2050-та година.
Facebook Forum